Манекенката Емили Ратајковски (32) позираше во кујната и во костим за капење, покажувајќи ја својата извајана фигура. На фотографиите Емили е во кујната во шарено минијатурно бикини кое е дел од колекцијата на нејзиниот бренд.
Таа позира во провокативен костим за капење, шетајќи низ домот.
Манекенката носеше минимална шминка, а косата ја ностави ноншалантна и природна.
Обожавателите беа воодушевени од фотографиите и не штедеа комплименти на сметката на Емили.
– Не ми е роденден, но благодарам што ја донесовте тортата – напишал еден обожавател.
Додека некои ја пофалија Емили, имаше и такви кои ја критикуваа.
View this post on Instagram
– Замисли мајка ти да шета вака низ куќата. Што би помислиле за неа? – гласи еден коментар. Корисникот кој го објавил овој коментар алудирал на синчето на Емили, Силвестер, кој го доби со поранешниот сопруг Себастијан Бер-Меклард.
Друг корисник напиша под фотографијата: – Дали некогаш се облекува?
фото:Instagram printscreen/ emrata