Радио Милева парадокс

Една од најсексапилните екс-ЈУ актерки ги снимаше најексплицитните сцени, а всушност… „Снимав секс сцени додека бев девица“

Една од најсексапилните екс-ЈУ актерки ги снимаше најексплицитните сцени, а всушност… „Снимав секс сцени додека бев девица“

Неда Арнериќ важеше за една од најубавите актерки во поранешна Југославија. Актерката ја красеше прекрасно лице и згодно тело, а често беше идеал за убавина и сексипил кај мажите.

Сепак, она што малку и е познато на јавноста,  е дека атрактивната актерка која беше симбол на сексипилноста, сцените од интимните врски во кадрите кои на сите им се познати, ги снимала додека била сè уште девица. Како што самата актерка во неколку наврати изјавила, глумела дека води љубов, иако не ни знаела што значи и како изгледа тоа. И покрај тоа, сцените што ги сними изобилуваа со еротика и јасно го покажаа професионалниот пристап кон работата на тогашната млада актерка.

Неда Арнериќ сними една од најексплицитните сцени во историјата на домашната кинематографија, во продукцијата на Лордан Зафрановиќ во 1988 година „Хало – празник на курвите“, каде што го толкуваше ликот на Марија. За улогата во овој филм, таа беше наградена со „Златна арена“ во Пула. Споменатиот филм ја следи животната приказна и необичните искуства на брачен пар од Германија кој доаѓа на островот Хвар во Хрватска. Марија, која ја игра Неда Арнериќ, по потекло е од Загреб, а е мажена за нејзиниот постар партнер Манфред, чиј лик го толкува Стево Жигон. Младата Марија на хрватскиот остров се препушта на страста и се впушта во љубовна врска со синот на жената во чија куќа престојува парот, а неговата улога ја толкуваше Ранко Жидариќ.

 

За потребите на овој филм, Неда и Ранко снимија експлицитна сцена која влезе во историјата на југословенската кинематографија. Познатата актерка своевремено го коментираше нејзиниот пристап кон актерството, како и сцените во кои беше гола и прикажана како води љубов.

„Немав поим за сексуалноста и играв нешто што досега не сум го доживеала. Многу рано научив дека снимањето филм е работа што треба сериозно да се работи во договор со режисерот. Во сценариото, на пример, пишуваше: се будат наутро и откако водат љубов, започнува приказната. А во тоа време не знаев ни да водам љубов. Тоа беше дел од мојот занает, а јас се сметам за добар занаетчија“, изјави тогаш Неда Арнериќ во текстот со наслов „Снимав секс сцени додека бев девица“.

Да потсетиме, Неда Арнериќ е родена на 15 јули 1953 година во Књажевац, а почина на 10 јануари 2020 година во Белград на 67-годишна возраст. Во својата повеќедецениска успешна актерска кариера одигра голем број забележителни улоги и остави неизбришлива трага во југословенската кинематографија. Поради својата харизма и специфичниот однос кон животот и професијата, Неда Арнериќ беше една од омилените актерки што ја обожаваше југословенската публика.

Фото: Фејсбук/NEDA ARNERIC

To top