Радио Милева нејзиниот најдобар

Една фотографија причина за многу дилеми и коментари: Мики Секуловски и Цеца залепени еден до друг (фото)

Една фотографија причина за многу дилеми и коментари: Мики Секуловски и Цеца залепени еден до друг (фото)

Велешанецот Мики Секуловски беше еден од најпофалените кандидати од последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а не случајно заврши и на втората позиција веднаш зад победничката Шејла.  Двајцата беа под менторство на големата балканска ѕвезда  Цеца Ражнатовиќ, а воопшто не беше тајна дека Мики е миленик на Цеца.

Дека тоа е така таа дури и потврди во неколку наврати, а јавно коментираше и дека Мики е вонсериски пејач кој дури и би го поканила да биде гостин на нејзин концерт. Како вети така и направи, па неодамна го п0кани тој да и биде придружба на сцена на еден нејзин настап во Македонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miki Sekulovski (@mikisekulovski)

Мики пак исто така не го крие своето воодушевување кон Цеца, како и тоа дека многу ја почитува, а таа била неговиот ветар во грб целото време од месеците додека се натпреваруваше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miki Sekulovski (@mikisekulovski)

Иако поминаа речиси три месеци од големото финале, импресиите се уште се тука, особено за Мики кој сега сподели една досега невидена фотографија од шоуто каде со Цеца се прегрнати, односно залепени еден до друг и насмеани од уво до уво.

Оваа драга фотографија Мики сакаше да ја сподели со своите следбеници и фанови кои пак почнаа да негодуваат: „Ова како да не е чиста работава, по нашки?!“; „Секоја сака млад, згоден,убав“; „Браво за Цеца, сака од срце и душа“…

Дилемите и прашалниците останаа да стојат, а Мики и Цеца најдобро знаат на која фреквенција е нивната блискост и до каде ќе ги однесе следно…

фото:Facebook/ Instagram / mikisekulovski

To top