33-годишната спортистка Едина Муса пред два месеци стана мајка за првпат и на свет донесе машко бебе кое го доби името Максим. Сега светот на Едина изгледа сосема поинаку, а се’ околу себе веќе гледа низ поинаква призма, и секако тоа е разбирливо.
Мајчинството е најубавата улогата што може да ја има една жена, а кога таа е мајка, тогаш и лавовски умее да биде заштитнички настроена, дури и повеќе од она што мислела дека може.

Имено, Едина по една своја фото објава која ја постави на Инстаграм, а на истата ја турка бебешката количка, згодната и атрактивна мама доби негативни коментари кои ја изиритираа и вознемирија.

Негативната енергија која се прошири, а и нејзините пријателки и покажаа дека и тие виртуелно се соочуваат со истиот тој хејтерски наплив, Едина не додржа да го каже своето, па преку видео се обрати јавно дека е време ваквите ликови да се објавуваат јавно и да не „се мижи“ на ваквиот психолошки напад.
Оттука, веќе е јасно е и претстои најава дека нападот нема да остане без борба и ќе премине кон дефетизам, а тоа нема да биде само од Едина Муса, туку и сите оние кои ја поддржаа и се согласија дека редно е она „да ни биде сеедно“ треба да премине во спротивната форма.
фото:Instagram printscreen/edina_musa







