Пејачката Анaбела Атијас неодамна била подложена на оперативен зафат. Јавноста не знаеше за што станува збор, а таа сега решила да открие.
-Не е ништо страшно, станува збор за целосно рутинска операција. Само малку побавно се опоравувам поради состојбата на моите рожници, кои се повеќе оштетени. Но, за среќа, медицината толку многу напредуваше што за десет години ќе биде доволна само една капка од нешто за сè да се регенерира“, рекла Анaбела и открила:
– Имав две операции во рок од седум дена. Таман едното око ќе се опорави, на ред дојде другото. Поради светлината и чадот морав малку да се затворам дома и да носам очила за сонце.

– Но, сега оди на подобро, видот ми се избиструва и веќе можам да читам нешта за кои претходно немаше никаква шанса. Дури пред два дена повторно почнав да возам“, откри пејачката.

Најголема поддршка во периодот на опоравување ѝ бил сопругот Андреј Атијас.
„Андреј постојано се грижеше за мене и беше задолжен за возењето. Ќерките се грижеа и прашуваа како сум, а човек по вакви зафати едноставно мора да си дозволи малку одмор“, истакна таа за „Блиц“.
foto: printscreen/instgaram/anabelci






