Не за џабе е кажана онаа народната дека „крушата под круша паѓа“, па оттука би било чудно наследниците на виолинистката и пејачка Андријана јаневска и нејзиниот сопруг, гитаристот Драган Гиновски- Гино, да немаат музички талент.
Андријана редовно е горда на учениците од своето приватно музичко училиште, но овој пат гордоста беше поинаква, посебна, лична…
Имено нејзиното прво синче Димитар ја направи особено среќна со успехот кој го постигна во пијано на Меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер кој се одржа во Штип.
Димитар го освои вторното место, а на мама Андријана ова и беше трепет на душа и солзи во очите. За успехот гордата мајка се пофали на Инстаграм и потенцираше дека ова го доживеала доста емотивно.
Инаку, Димитар и Кристијан многу личат на сопругот Гино со кој Андријана е во брак од 2009 година, а на кого повеќе ќе повлечат во однос на нивните афинитети кон музичката уметност кога ќе пораснат, останува времето да покаже…
фото:Instagram printscreen/ andrijana_janevska