Ако за најголемиот дел изборот за зимски одмор се снежните планини на чист воздух, далеку од густиот смог и магла, за мал дел опцијата е промена односно примена на друго годишно време- лето.
Катарина Ивановска со саканите отпатува во Дубаи, шеф Марк и сопругата Василка на Доменикана, а сега уште една брачна двојка се реши на ваква топла и егзотична авантура.
Имено, младиот актер Жарко Димоски, сопругата Андреа и синчто Вито, празничните зимски денови ги минуваат на Малдиви.
Среќни, раскомотени, препуштени на убавините, семејството очигледно се почесто сака да патува онаму каде е топло.
Откако малиот Вито наполни една година, брачната двојка постојано е на нова дестинација, секако кога тато Жаре успева да најде време меѓу бројните театарски ангажмани во земјата и регионот.
Дека им е убаво, а за истот сакаа да се пофалат, Жаре и Андреа ги наполнија своите профили од социјалните мрежи, а секако најрадосен за доживувањето беше малиот Вито кој веќе е потпораснато бебенце од година ипол.
фото:Instagram printscreen/zakdim