Драмата на концертот на популарната пејачка Тања Савиќ, кога настапот беше неочекувано и итно прекинат, изненади многумина. Пејачката во еден момент изгледаше сосема надвор од контрола , што предизвика бран загриженост кај публиката.
По низата реакции во јавноста, Тања се огласи на своите социјални мрежи и испрати пораки кои брзо привлекоа големо внимание кај нејзините следбеници.

Во една објава, пејачката им се обрати на фановите кои ѝ дадоа огромна љубов за време и по тешката вечер со емотивни зборови:
„Ви благодарам за целата поддршка, многу значи“, напиша Тања, покажувајќи колку многу ѝ значи тоа што публиката остана со неа дури и во толку напнати моменти.
Кратко потоа, следеше второ соопштение, во кое таа уште еднаш ја изрази својата длабока благодарност до сите што беа со неа во салата таа вечер.
„Ви благодарам, прекрасна публико“, изјави кратко, но јасно пејачката.
Тања Савиќ, инаку, се преплашила кога видела дека конструкцијата почнала да попушта поради тежина за време на концертот.
Музиката одеднаш престанала, и во преполниот клуб завладеала тишина.
Штом сфатила дека ситуацијата излегува надвор од контрола, Тања престанала да пее.

Пејачката панично го зграпчила микрофонот и се обратила директно на толпата.
„Не се качувајте повеќе, ве молам,бидејќи сите ќе паднете низ оваа бина. Ве молам бидете внимателни“, рекла таа, според „Пинк“.
Foto: printscreen/tanjasavic






