Радио Милева биди хуман

Драгана Мирковиќ со апел до сите добри луѓе во Србија да помогнат за повредените од стравотната трагедија

Драгана Мирковиќ со апел до сите добри луѓе во Србија да помогнат за повредените од стравотната трагедија

Околу двесетина настрадани во страотната трагедија во Кочани  беа пренесени во болниците низ Србија, а пејачката Драгана Мирковиќ итно се огласи за нивната состојба.

Имено, Драгана апелираше до сите луѓе кои живеат во Белград да се приклучат на акцијата и итно да им помогнат на повредените деца.

-Сите деца на белградската клиника се во процес на опоравување, фала му на Бога и на посветениот медицински персонал. Поради сериозните изгореници полека се подготвуваат за операција, па потребна е крв. Се замолуваат сите здрави и хумани луѓе во Белград да се пријават во Центарот за трансфузија кај храмот Света Сава – стои во соопштението што го објави Драгана Мирковиќ, а потоа се додава:

-Нека кажат дека даруваат крв за децата од Кочани кои се на лекување во Клиничкиот центар. Не е важно која е вашата крвна група. Однапред им благодариме на сите родители. Ве молиме споделете понатаму, стои во објавата на пејачката Драгана Мирковиќ.

фото:Instagram printscreen/dragana_mirkovic

To top