Драгана Мирковиќ се најде во центарот на вниманието на јавноста откако објави дека се разведува од Тони Бијелиќ.
Двајцата решија да стават крај на љубовта по 24 години брак.
Откако сѐ дозна дека се разведува, Драгана Мирковиќ откри се за нејзиниот приватен живот. Пејачката изјавила дека три години не живее со сопругот и дека таа и децата останале да живеат сами во замокот.
Фолк дивата истакна дека никогаш не и биле важни материјалните работи.
-Можете да ме возите, во Мајбах, тоа е небитно, јас воопшто не сум таков тип, ако тоа ми е нешто важно… – истакна Драгана на почетокот, притоа покажувајќи збирка скапи автомобили околу себе.
– Да, колекцијата е богата, признавам. Има многу, ова е само еден дел, бидејќи влезот се прави надвор, па моравме да влеземе овде… Ништо не ме интересираше, морам да признаам… (се смее) Најискрено! Стоеден, бре! Зошто сè мора да биде гламурозно, кога може да биде нешто носталгично… Порано сите возеа стоеден, подоцна Југо, Фиќо… Тоа повеќе го претпочитам од некоја „леле“ кола! Никогаш не сум била за тоа. Мојот сопруг сакаше преку мене да ги покажува своите автомобили, но јас не сум таков тип – истакна таа за хрватскиот медиум „24сата“, попатно задевајќи го својот сѐ уште легален сопруг.
– Не сакам да трошам пари на работи кои не се важни. Брендирана гардероба, чанти, чуда… Ако видите скапа чанта на мене, знајте дека ја добив на подарок. Така сум воспитана – заклучи Драгана.
Да потсетиме, Тони и Драгана повеќе не се следат на социјалните мрежи, но не ги избришаа семејните фотографии од своите профили.
Фото: printskrin/instagram/dragana_mirkovic