Пејачката Марија Шерифовиќ беше гостинка во емисијата што ја води водителката Бојана Лазиќ, каде што предизвика вистинска бура во студиото со својот директен и провокативен настап уште од самиот почеток.
Двете претходно имаа несогласувања, откако Марија еднаш откажа гостување, но се чини дека сега ги „закопаа“ секирите.

Штом влезе во студиото и седна спроти Бојана, Марија ѝ се обрати со зборови што ги оставија сите присутни без зборови.

– Дојдов прво тебе да те задоволам. Не спиев многу, џет легот сериозно ме тресе и ова доаѓање ми беше тешко. Минатиот пат те „откачив“ со причина. Добро сум кога гледам дека сите што ги сакам се добро. Живи сме, здрави сме, ништо не ни треба – како да не бидеме благодарни? Поминав два месеци на Бали, каде што просечната плата е околу 100 евра, и целосно се отуѓив од западниот начин на живот. Сега повторно тешко ми е да се прилагодам и сфатив колку е погрешно сè што правевме“, рече Марија.
Foto: printscreen RTV Pink/facebok





