Радио Милева На коњ или пред камери?

Додека размислува дали да се врати на ТВ екраните, Мелита откри дека има голем мерак да јава, па веднаш доби гратис понуда… и тоа сосе обука: За водење сигурно не и треба, а за јавање…?

Додека размислува дали да се врати на ТВ екраните, Мелита откри дека има голем мерак да јава, па веднаш доби гратис понуда… и тоа сосе обука: За водење сигурно не и треба, а за јавање…?

За некогашната ТВ водителка денес најпозната скопска трендсетерка Мелита Ракичевиќ, социјалните мрежи се дел од стилот на живеење.

За неа не поминува ден без нова фотографија иили клипче и тоа не било какво, туку добро смислена со комплетен стајлинг и поза за пред објектив. За Мели ова очигледно претставува статисфакција, па кога ќе реши да го полни својот профил, тој треба да ја краси во визуелна смисла од она што таа го замислила и и се допаѓа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 💎MELITA 💎🇲🇰 (@melitameli)

Но овој пат познатата скопјанка реши својот Инстаграм да го искористи за и јавно да и го честитата роденденот на својата мајка Виолета.

„Среќен роденден моја најасакана мамо“ – споделила мелита покрај фотографијата од нејзината мајка, госпоѓа која е најдобар показател на кого се метнала ќерката, а за внуката и да не зборуваме.

Кога веќе се закачи на социјалните мрежи, Мелита по подолго време реши да ги повика своите следбеници да поствуваат прашања… Секакви, па и приватни.

Со кого е, дали е во врска?

Каков тип на маж за неа е идеален?

Дали била некогаш со помлад од неа и колку години?

Дали би се преселила во Шавјцарија?

Која држава ја обожава?

Кој период во животот и бил најубав?

Кој политичар најмногу го почитува?

…Па се’ додека прашањата  не се претворија во комплименти, како на пример дека има најубави нозе!

 

Но две прашања од сите поставени се издвоија како најинтересни и највозбудливи.

Првото е дали би се вратила на ТВ екраните, зашто само нејзината појава на телевизија би го вратила животот, прашала и искоментирала една нејзина познаничка.

Мелита на ова одговорила  дека веќе има понуди и размислува, па можеби наскоро ќе ја гледаме на ТВ повторно?!

Во меѓувреме некој од нејзините обожаватели и следбеница ја прашал дали е љубител на коњи и јавање? На тоа Мелита одговорила дека е голем љубител и има голем мерак да јава, ама… не пробала да научи! А баш би сакала!

На ова бргу стигна понудата од еден коњички клуб од Битола, кој на Мелита дури и понуди и гратис обука!

Ако реши да се врати пред камери, за водење обука сигурно не и треба, а за јавање…?  Кој да знае?! Талентот е чудна божја дарба, па знае да биде и мултидисциплинарен!

Фото: Инстаграм/melitameli

 

 

To top