Радио Милева Честитки!

„До тука беше“: Се ожени пејачот на „Некст тајм“ – Тинеа кажа „Да“ (фото)

„До тука беше“: Се ожени пејачот на „Некст тајм“ – Тинеа кажа „Да“ (фото)

Кај браќата од дуото „Некст тајм“, Мартин и Стефан, љубовта на далечина се покажа како најсилна, и најуспешна ако се гледа исходот од крајниот резултат- бракот.

Кај Филиповски се слави и допрва ќе се пее, пие и оро ќе се вие за Стрфан и неговата сакана Тинеа кои решија дека им е доста од статусот момче и девојка, па преминаа кон ново ниво како свршеници и идни сопружници.

Имено, вокалот и фронтмен на „Некст тајм“, Стефан реши да ја побара раката на Тинеа и за тоа се пофали јавно на своите профили на социјалните мрежи.

-До тука беше. Таа кажа засекогаш, стои во објавата од две фотографии каде неговата сакана го бакнува страстно, наздравуваат, а се гледа и свршеничкиот прстен.

Created with RNI Films app. Profile ‘Agfacolor 50’s HC’

Неодамна Стефан и Тинеа славеа три години откако се заедно, а тогаш тој имаше и своја љубовна дефиниција од искуство:

-Во животот има убави нешта , за тој што знае да живее!!!, напиша Стефан на една од заедничките фотографии.

Инаку, Тинеа живее во Виена и има српско-хрватско потекло, а љубовта на далечина за нив очигледно не претставуваше никаква пречка, бидејќи ако ја има во срцето, тогаш таа е многу блиску без оглед на километрите. Е сега која адреса ивот, ќе ја изберат за заеднички живот, односно кој на чија територија ќе замина, останува да видиме…

За потсетување, прв во брачните води заплови  неговиот брак Мартин кој пред речиси една година се ожени со ракометарката Андреа и живеат во Скопје.

Честити!

фото: Instagram printscreen/ stefan_filipovski

To top