Промотер

ДНК и Теа Трајковска имаат иста – „Амајлија” (ВИДЕО)

ДНК и Теа Трајковска имаат иста – „Амајлија” (ВИДЕО)

Сѐ уште не стивнуваат реакциите за дует-песната “Животе, брате” на ДНК, која ја промовираа пред само неколку недели, а тие вчера на сите музички и социјални платформи објавија уште една нова песна.

Дека Панчо и Андреј работат со полна пареа е жив доказ токму новата соработка. Овојпат со нивната колешка, младата Теа Трајковска.

Песната носи наслов “Амајлија”, чија музика е заедничка на Панчо и Лазар Цветкоски, додека аранжманот е дело на Лазе, а текстот пак го напиша Панчо.

Како и за останатите нивни песни, така и за оваа, тие снимија одличен видеоспот и тоа во еден од најубавите хотели во Златибор во соседна Србија кој за многу кратко време стана еден од омилените за престојување на ова популарно туристичко место.

“Да бидам искрен полесен спот досега немаме снимено. Тоа е поради одличниот пречек од персоналот на хотелот, бидејќи се што побаравме од нив тие ни го овозможија” – накусо изјави двоецот од ДНК.

Покрај кадрите во хотелот, дел од спотот е снимен и низ убавините на ова познато туристичко место, како и ранчот “Зова”, кој е отворен за сите посетители. Инаку како режисер на овој видеоспот се потпишува режисерот Даниел Јовески, со кого тие соработуваат веќе долги години…

Погледнете го спотот за” Амајлија” на ДНК и Теа Трајковска во продолжение…

To top