Живот и стил

Дневен хороскоп за петок, 17-ти мај 2024-та година

Дневен хороскоп за петок, 17-ти мај 2024-та година

ОВЕН
На работното место не преземајте нејасни задачи за да ја избегнете опасноста од финансиски загуби поради вашите грешки. На овој ден не планирајте средба со колегите и не се расправајте со никого, дури и ако сакате да докажете нечија грешка на работното место. Можни се компликации во личниот живот поради несериозноста на вашите најблиски, кои ѝ штетат на вашата работа.

БИК
Бизнисмените ќе се соочат со проблеми кои не исклучуваат финансиски загуби. Ќе ви се насоберат многу, бидејќи и вие сте под влијание на финансиските проблеми. Попладнето ве очекува средба со пријателите и колегите. Не се согласувајте со дополнителна работа, дури и ако е профитабилна. Ризикувате неуспех.

БЛИЗНАЦИ
На овој ден емоциите нема да ви дозволат да ги слушате колегите доколку сте на работното место. Подготвени сте да се расправате, но ризикувате да ѝ наштетите на работата. Вардете се од бесплатните критики за да не создавате непријатели. Ако премолчиуувате работата ќе ви се одвива, а навечер ќе бидете задоволни со постигнатото.

РАК
Во искушение сте да започнете нов почеток, но секоја избрзана акција е на ваша штета. Сепак, успехот е со вас ако вежбате трпение и се потпирате најмногу на себеси, на вашето знаење и способности, за да се погрижите да не си наштетите поради очекуваната, но непримената помош. Подгответе се за напорен ден. Размислете внимателно за вашите постапки и нема да правите грешки што ќе доведат до загуби.

ЛАВ
Токму денеска на многумина од вас им е судено да го променат животот. Новите познанства градат цврста основа за вашиот иден професионален успех. Денот е поволен за деловни состаноци. Водете успешни разговори со вашите колеги и со менаџментот, а ако и самите сте на лидерска позиција, разговарајте со вашите вработени и директни подредени за да ги разјасните проблемите или недоразбирањата меѓу нив.

ДЕВИЦА
Сè што ќе преземете е поврзано со вашата намера да го постигнете високиот приход за кој мечтаете, но нема да ви биде лесно. Напорите се успешни. За разлика од професионалните успеси, вие сте напнати во личниот живот. Обемот на работа нема да биде добар ниту за вас, ниту за односот со колегите, бидејќи ќе ја направите ситуацијата нервозна.

ВАГА
Ако се занимавате со уметност, ќе жнеете успех. Признанието ќе ви помогне да ја вратите самодовербата и довербата во сопствените способности и и сили. Активната работа нема добро да се одрази ниту на вас, ниту на односите со колегите, на кое и да е професионално поле со кое се занимавате, бидејќи морате да направите промени и да ги приспособите плановите.

ШКОРПИЈА
Деловните разговори денеска се тешки. Не договарајте состаноци со пријателите и не се расправајте со блиските доколку ве оптоваруваат со задачи. Успехот на работниот ден не е сигурен, иако можеби ќе ве задоволи. Ќе наидете на клеветници. Не ви препорачуваме да се однесувате импулсивно доколку она што сте го планирале за овој ден не ги донесе очекуваните резултати.

СТРЕЛЕЦ
Претпладнето очекувајте непредвидени тешкотии и конфликти со саканите, но не треба да се откажувате од обврските. Не закажувајте деловни состаноци и не влегувајте во расправија со никого. Напнати сте, па можно е успехот да скршне од вашиот пат, но на кратко. Во брзањето може да пропуштите добра професионална можност која ќе ви гарантира дополнителен приход.

ЈАРЕЦ
Неочекуваните вести ќе ги променат вашите приоритети за денеска. Склучените договори се профитабилни. Појавата на конфликти со партнерите, за кои нема валидна причина, се причина за нервоза. Не патувајте и не организирајте деловни состаноци за да избегнете расправии и проблеми.

ВОДОЛИЈА
Стабилизирајте го она што сте го постигнале досега и не ги потценувајте вашите постапки. Добиените пари трошете ги со мерка. Ѕвездите ве штитат, но не треба да избрзувате и да се однесувате импулсивно. Размислете внимателно за вашите зборови. Вашето лошо расположение може да предизвика проблеми на работа.

РИБИ
Зрачите со смиреност и спокојство и тоа ви носи успех во деловните контакти. На неекои од вас им претстојат важни состаноци на кои ќе разговараат за идните заеднички активности. Ќе ги постигнете условите што ги посакувате и ќе ги обезбедите обврските што ги сакате. Вашата активност влегува во нагорен период и добрите резултати нема да доцнат.

To top