ОВЕН
Бидете одговорни за својата работа, особено ако ви се доделени нови обврски. Рекламирајте ги вашите идеи и намери за тргување од претходните денови со успех. Смело оди на следната поставена цел. Пазете се од новите познанства доколку се поврзани со вашите идни планови, за да не останете зависни од лошонамерни луѓе.
БИК
Денеска подгответе се за препреките кои се појавуваат неочекувано и ќе ви го нарушат душевниот мир на работното место до пладне. Не сте расположени, ви недостига концентрација, а грешките се неизбежни. Комуникацијата со колегите и менаџментот е тешка поради вашата неподготвеност да трпите критики и да ги толерирате туѓите забелешки кои се потполно заслужени.
БЛИЗНАЦИ
Денеска подгответе се за рутинска работа, но и за тешкотии кои самите ќе ги предизвикате. Променете го начинот на кој работите за да им олесните на сите. Не одбивајте помош и корисни совети. Причината за вашите проблеми лежи во неподготвеноста да покажете разбирање кон барањата на вашите колеги. Попладне ќе се смирите и ќе работите активно.
РАК
На вас останува да ги претворите промените во идни успеси. Ризикувате да направите погрешен чекор доколку избрзувате. Одложете ги деловните состаноци. Воздржете се од несење важни деловни одлуки. Сите ваши постапки поврзани со вашата професионална реализација треба да бидат добро осмислени. Ќе имате успеј, доколку не ги наравите погрешниот чекор.
ЛАВ
Тешкотиите уште од утрото ќе ве натераат сериозно да се занимавате со работата. Не бидете премногу амбициозни но и не се омаловажувајте. Бидете флексибилни и практични. Од вас зависи дали дополнително ќе ги постигнете целите. Долгоочекуваниот деловен состанок ве приближува до целта.
ДЕВИЦА
Очекувајте финансиски проблеми доколку дозволите непотребни трошоци. Внимавајте да не дозволите сериозни загуби кои тешко ќе ги надоместите доколку сте наивни или ризикувате. Бидете внимателни со банкарските и финансиските документи доколку треба да ги подготвите денеска.
ВАГА
Не водете деловни разговори и не прегледувајте финансиски документи. Можно е поради невнимание да направите грешки за кои ќе треба да ја платите цената на финансиските загуби. Денеска сте оптоварени со професионални обврски кои не ви се допаѓаат и сте прилично нервозни. Не треба да патувате.
ШКОРПИЈА
Направете вистинска проценка на односите со луѓе од вашето деловно опкружување и доколку така процените, отстранете ги некоректните. Збогатете се со нови информации, преку кои можете да ги реализирате замислените идеи и да ги постигнете своите цели. Подобрете ја вашата материјална состојба без да преземете целосна промена на вашето работно место.
СТРЕЛЕЦ
Подгответе се за огромен стрес, кој бара сериозен однос кон вашата работа. Можни се недоразбирања на работа и кавги со колегите, но ќе остварите успех. Бидете внимателни и не донесувајте избрзани одлуки. Клеветниците повторно се обидуваат да ви наштетат, но безуспешно.
ЈАРЕЦ
Денот е поволен за активни работни и деловни состаноци. Бидете внимателни, бидејќи сте во состојба да го уништите поради емоцијата која доминира со вас. Завршете ги сите ваши задачи до пладне. Доколку се занимавате со приватен бизнис, денеска ќе мора да ги промените плановите и да размислувате за нови партнери.
ВОДОЛИЈА
Денот ќе ви претстави нови профитабилни деловни понуди. Разгледајте ги внимателно пред да ја донесете вашата конечна одлука. Финансиската состојба, секако, ќе ви се подобри доколку сте предвидливи. Корисни ви се деловните односи што ги воспоставувате денеска, а новите ќе се покажат профитабилни во наредните месеци доколку не им верувате на непознати.
РИБИ
Најдобро е да ѝ се препуштите на судбината и да го прифатите она што таа ви го нуди, но со трпение и без емоции. Не се обидувајте брзо да ги завршите новите задачи за да не се изложувате. Ако вашиот бизнис не се развива според очекувањата, размислете дали сте ги прецениле своите можности.
извор:netpres.com.mk