ОВЕН
Нема да ви биде здодевно, бидејќи ќе се занимавате со повеќе од една или две полезни работи. Почетокот на новиот период за вас, ве става во потреба од подготовка и активно дејствување. Денот ќе го искористите и за да се сретнете со пријателите за кои ретко имате време во текот на седмицата. Вашата физичка подготвеност бара посебно внимание.
БИК
Повеќе сте импулсивни отколку доследни во вашите постапки, но за среќа ќе успеете да ја постигнете целта. Ќе добиете поддршка од личност која е надвор од вашето потесно опкружување, а таа попрво ќе ве вклучи во својот круг. На личен план, љубовта ќе ви се насмевне. Имајте поголема доверба во вашиот партнер.
БЛИЗНАЦИ
Ќе бидете повеќе преокупирани со проблемите на другите. Обидете се да помогнете секогаш кога е можно. Би било подобро да се држите подалеку од некој со кој не сте директно поврзани, но тој ви се доближува. Успешно решавате прашање во врска со вашите финансии. Вашиот паричен приход наскоро ќе ви овозможи повеќе задоволства.
РАК
Имате јасни цели кои ве водат напред. Утрото е индикативно во овој поглед. Со вашата активност ќе ги импресионирате вистинските луѓе и ќе создадете услови за добри настапи во текот на денот. Искажете ја вашата благодарност соодветно на оние кои стојат покрај вас и ве поддржуваат во сè.
ЛАВ
Запоставената задача ќе стане проблем. Не обидувајте се да ја искористите секоја минута максимално, ова може да ве наведе да правите бескорисни работи. Фокусирајте се на она што е најважно и завршете го навреме. Правите планови за нови потфати. Среќата ќе дојде ако покажете дека сте спремни да ризикувате.
ДЕВИЦА
Не се загрижувајте доколку се соочите со предизвици за кои не сте подготвени. Го имате потребниот потенцијал, инаку судбината би ве поштедила од емоциите. Повеќе очекувате од личност која не е во состојба да ви го даде тоа. Колку побрзо го сфатите овој факт, толку подобро ќе биде за вас.
ВАГА
Активирајте се, предизвиците ќе ја поттикнат вашата фантазија. Имате сила и енергија и можете да се справите со нив. Претстојниот настан ќе ве мотивира да промените нешто кај себе. Да ја обновите гардеробата или да ја освежите фризурата, а можеби и да побарате контакт со вистинските луѓе за тоа.
ШКОРПИЈА
Ќе работите, или сами или во тим, за да го завршите следниот проект. Не ги игнорирате заслугите на оние со чија помош стигнавте овде. Нови случувања и промена на работните места за другите. Ќе барате дополнителни начини за поддршка на буџетот, а не се исклучуваат и профитабилните понуди.
СТРЕЛЕЦ
Утрото носи изненадувања кои ќе ве натераат да се справите со непланирани задачи. Генерално, денот ќе ви помине мирно и ќе можете да се одморите од напнатоста во што ја чивстувавте изминатата седмица. Ќе си ја повратите рамнотежата, некои ќе бараат друштво со пријатели, додека други ќе бараат културни настани.
ЈАРЕЦ
Денот ќе го започнете со добро расположение и ќе ви бидат оправдани надежите за брзо решавање на некој личен проблем. Со поддршка од партнерот ќе почнете да завршувате некои од задачите планирани во вашата програма, но за сите денеска нема да имате време. Ќе уживате во вниманието и добрите чувства кои ќе ве мотивираат да продолжите да се развивате.
ВОДОЛИЈА
Со вашето разбирање на темата којашто се дискутира, може да добиете нечие неодобрување, но тоа малку ќе ве загрижи. Поважно е да ги следите своите цели и да не дозволувате мешање во вашите работи. Освен тоа, зрачите со самодоверба и стабилност, што е особено добро за деловните односи.
РИБИ
Напорите и чесноста што ќе ги покажете на вашето работно место ќе бидат ценети и наградени. Ќе добиете добри вести, а не е исклучено и патување. За вас е важно да го
направите вашиот избор сега. Денот ќе ви биде прекрасен доколку најдете време и за вашите најблиски. Дел од вашето позитивно размислување го пренесувате на другите.
Извор: НетПрес