ОВЕН
Постои можност да ја подобрите вашата материјална состојба, но со разумни постапки и проценкии. Попладне не се исклучени проблемите со соседите или со познаниците. Бидете трпеливи и воздржани ако се обидат да ве искористат. Вашите колеги се подготвени да се вклучат во задачите што ги предлагате, доколку не сте премногу критични кон нив.
БИК
Денеска сте особено некомуникативни и ви е тешко да комуницирате со сите затоа што имате тенденција или да молчите или да навредувате. Доколку се одлучите да патувате, реализирајте ги своите намери во попладневните часови. Не се потпирајте на вашата среќа. Ако треба да бидете активни и одговорни на вашето работно место, бидете трпеливи и примирете се.
БЛИЗНАЦИ
И покрај искушението да работите активно и да ги вознемирувате колегите, добро е да си наметнете смиреност. На работното место обидете се да ги одбиете итните должности, како што наложува судбината. Доколку сте на раководна позиција, имате можност да размислите за зголемување на платата на вашите подредени по крајот на летото.
РАК
Прекумерната сомничавост и понекогаш прекумерната лековерност се причина за недоразбирања во вашиот личен живот. Деловните состаноци се неуспешни. Откажете се од разговори, доколку се поврзани со идни заеднички проекти. Подобро е да премолчувате ако не сте сигурни во коректноста на вашите деловни партнери.
ЛАВ
Имате можност да ги имплементирате вашите идеи и да ги решите вашите проблеми доколку сте подготвени на компромис. Ќе постигнете успех во личниот живот. Доволно е да посакате и ќе ги завршите вашите задачи на работното место. Не влегувајте во разговори поврзани со заем. Не се согласувајте да финансирате туѓ проект.
ДЕВИЦА
На работното место докажете им на сите дека сте способни да ја постигнете целта и да ги завршите започнатите задачи пред наведениот рок. Ќе ги импресионирате колегите и менаџментот со своите вештини. Не се расправајте доколку имаат поинакво мислење од вашето, за да не останете без поддршка.
ВАГА
Односите со колегите се хармонични. Одржувајте ги такви, доколку сакате да бидете сигурни во нивната поддршка во извршувањето на професионалните планови споделени со нив. Ваше е да ги заработите. Не претерувајте во желбата да покажете какви добри професионалци сте, за да не засегнете некој од вашите подредени и деловни партнери.
ШКОРПИЈА
Не е исклучено денеска да ја стабилизирате финансиската состојба и тоа сосема неочекувано за самите вас. Го заслуживте тоа поради добрите резултати од вашата работа последните денови. Вашата снаодливост и способноста да процените што навистина се случува на работното место ќе ви овозможат да се справите со неочекувана ситуација.
СТРЕЛЕЦ
Не патувајте, освен доколку тоа не е императив и итно. Чудно, но вие сте и премногу расеани на работното место. Подобро е да побарате од некој колега да ви ја заврши работата за да се поштедите од грешките, проследени со укор и расправии. Советот е, доколку тоа е возможно, одложете некои од вашите работни обврски.
ЈАРЕЦ
Денот е неповолен за комуникации. Не предизвикувајте проблеми што создаваат причина за скандал со брачниот партнер. Бидете воздржани во изразувањето на вашите емоции и размислете за вашите зборови. На работното место сте расеани и воопшто не ви се работи. Подобро оставете ги настрана барем на два часа најважните задачи и приберете се дома.
ВОДОЛИЈА
Денеска сте нервозни и страдате од несоница, која ги блокира вашите мисловни процеси. Причината е вашата неподготвеност да ги согледате сопствените грешки и да ги оправдате луѓето околу вас. Можни се финансиски загуби, кои доколку ги дозволите ќе се одразат на вашите деловни и професионални планови.
РИБИ
Ќе ви дадат неочекувана понуда за нова работа, но добро размислете дали вреди да дадете позитивен одговор. Прифатете дополнителна работа само ако мислите дека нема да ве оптоварува и со која ќе се справувате следниот ден. Навечер останете дома и одморете се за да не си наштетите.
извор:netpres.kom.mk