Рок музичарот Џон Бон Џови е фатен на камера како се обидува да убеди „очајна“ жена да се симне од работ на мостот во Нешвил.
Американскиот пејач наводно снимал спот за песната на неговиот бенд „The People’s House“ на пешачки мост кога забележал жена од другата страна на оградата.
На снимката од надзорните камери што ги сподели локалната полиција, фронтменот Бон Џови може да се види како приоѓа на вознемирена жена со член на неговата екипа. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа, повикувајќи ја да се врати на безбедно, по што и помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ja прегрна и стоеја така околу една минута, пред заедно да одат по мостот.
NEW: Singer Jon Bon Jovi saves a woman from jumping off a bridge in Nashville, Tennessee while filming a music video.
Good man.
Bon Jovi was seen approaching a 62-year-old woman on the John Seigenthaler Pedestrian Bridge.
The musician leaned over the railing before… pic.twitter.com/msyGSU3hQW
— Collin Rugg (@CollinRugg) September 11, 2024
Полицискиот оддел во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на YouTube и рече дека пејачот и помогнала на „очајна жена“.
„Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што и помогнаа на една жена на пешачкиот мост Зајгенталер во вторникот вечерта. Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Фондацијата JBJ Soul на пејачот им нуди поддршка на бездомниците и гладните, а тој самиот доби опсежна обука за кризна комуникација.
фото: print Screen/Instagram/X