Латино дивата Џенифер Лопез се појави во фустан за кој зборува цел свет, на премиерата на филмот „Unstoppable“.
Прекрасната Џеј Ло, која неодамна објави дека се разведува од Бен Афлек, беше убедливо најголемата атракција на црвениот тепих.
На премиерата на филмот „Unstoppable“, кој го сними заедно со нејзиниот поранешен сопруг, Лопез носеше фустан инспириран од диско топката од австралиската дизајнерка Тамара Ралф.
Фустанот е изработен од материјал со апликации така што изгледа како површина на диско топка, а наоколу фрла светлина. На страна практично нема материјал, но има црни машнички кои го држат фустанот на телото.
Кога Џеј Ло се сврте, беше јасно дека не носи долна облека, а фотографиите го обиколија светот.
Премиерата на филмот беше на филмскиот фестивал во Торонто, а иако многумина мислеа дека Лопез нема да се појави за да не мора да зборува за разводот, таа дојде и блесна во овој фустан.
Сепак, мислењата на модните критичари се поделени – едни велат дека добро и стои, но други тврдат дека овој фустан сепак е „премногу“.
Што мислите вие?
Фото: printscreen/instagram/jlo