Како што веќе пишувавме, Дарко Петковски попознат како Дарко-Спејко однеодамна реши да смени локација и започне нов живот во Дубаи. Градот од соништата, за кои многумина мечтаат само и да го посетат, а камо ли во него да живеат и работат.
Покрај тоа што се профилира како инфлуенсер и фитнес тренер, Спејко во „градот на соништата“ работи и како кошаркарски тренер.
Кумановецот таму не е сам туку заедно со својата девојка Хрисанта Монева, со која откако се заедно повеќе од 4 години, се речиси нераздвојни. Љубовта очигледно цвета, а двете сродни души, еден во друг се „зацопани до уши“… Барем така изгледаат Дарко-Спејко и неговата веќе и не толку нова девојка.
Деновиве атрактината пробиштипјанка славеше роденден. Оддамна сме рекле дека на дамите не им се бројат годините, ама затоа им се брои нешто друго…
Овој пат и самата славеничка си ги наброила бенефитите од тоа што е една година постара, пардон… Подобра, посекси и поумна – како што самата вели дека се чувствува.
Роденден без торта не е тоа – тоа , никако не бидува… Затоа Хрисанта променета во тенко свилено, сребрено мини фустанче на прерамчиња и длабоко деколте, тргна да почести со славеничка мини торта…
Тортата доволно голема за на неа да блеснат пет-шест свеќички во облик на роденденски ѕвездички.
Свеќичките се палат за да се дувнат кога ќе дојде најсвечениот славенички миг во „денот што го чекаме цела година“ и со тоа симболично да се означи крајот на уште една и почетокот на новата година од животот.
Така пред да ја пресече и почести, а и самата да се заслади со парче од роденденската торта, русокосата славеничка ја спушти главата, се поднаведна и возбудено силно дувна… Свеќичките се изгаснаа, а замислените желби тргнаа да се остваруваат.
Арно ама, кој да гледа во свеќичките и тортата, кога е евидентно дека вистинската возбуда лежи зад неа! И тоа во длабокото деколте во кое онака половина излезена на виделина, беше сместена бујната предница на русокосата пробиштипска убавица.
А што се однесува до честитките, подарокот и честењето? Многу извесно е дека и пред и после тортата и честитање и честење имало…
Кој колку, како, кого и со што го почестил – не навлегуваме… Не е наш стил! Но сепак, ако се суди според некои постари фотографии, евидентно е дека Хрисанта отсекогаш била широкограда и дарежлива кон Спејко, а и тој знаел да и возврати, веројатно со доволно задоволителна мерка.
А како што е познато, кога задоволството е обострано, па уште и славеничко… Тогаш двете срца чукаат забрзано во ист ритам. И тоа… на вистинското место!
Фото: Инстаграм/spejko/hrisantam