На денешен ден во 2015 година во Загреб почина Кемал Монтено. текстописец, пејач и шансониер.
Во последните денови од животот се борел со пневмонија и сепса, кои настанале како компликации по трансплантацијата на бубрег. Тој беше погребан една недела подоцна, на 28 јануари, на градските гробишта во Сараево.
Во кариерата долга 45 години, тој има издадено околу четириесет оригинални плочи и албуми. Монтено е роден во 1948 година во Сараево, неговиот татко бил Италијанец кој се борел во Босна и Херцеговина за време на Втората светска војна, а неговата мајка била Босанка.
Својата исклучително богата и успешна кариера ја започнал со настапот на фестивалот „Ваш шлагер сезона“ во 1967 година со неговата авторска песна „Лидија“, веднаш станал миленик на фестивалската публика во Сараево, каде редовно добивал први награди како изведувач, композитор и текстописец.
Поради неговото италијанско презиме, таткото сакал неговиот син да има босанско име, а токму оваа босанско-италијанска поделба, освен името, влијаела на креативната работа на Монтено. Со медитерански шмек и босанска душа што ги внесе во своите песни, Монтено создаде свој музички израз кој го придружуваше во текот на неговата повеќе од 40-годишна кариера.
фото: Printscreen/Youtube