Директорот и креаторот на Гранд продукција, Саша Поповиќ ќе биде погребан денеска, 6. Mарт, по комеморативен собир.
Погребот ќе биде во 14 часот и 30 минути на Бежанијските гробишта, каде семејството, пријателите и бројните соработници, меѓу кои и голем број јавни личности, ќе го придружуваат најголемиот шоубиз магионичар до последното почивалиште.
Исто така, во 11 часот во Сава Центар ќе се одржи комеморација за Саша Поповиќ каде ќе се одржат говори во чест на неговиот лик и дело.
Семејството од 13 часот ќе добие сочувство во параклисот на Бежанијските гробишта, по што ќе се пее опело. На вечното почивање Поповиќ ќе го придружува хор, а на погребот ќе чиноначалствуваат повеќе свештеници.
Пријатели и соработници ќе одржат говор во негова чест.
фото:Instagram printscreen/zvezdegranda and grand_televizija