Англиската манекенка и инфлуенсерка Деми Роуз (29) на социјалните мрежи изгледа неверојатно во своето одморалиште на Ибица.
Деми Роуз го покажа своето затегнато голо тело и завидната фигура на фотографиите кои ги сподели со своите речиси 20 милиони следбеници на Инстаграм.
Малку и остави на фантазијата, но интимните делови ги криеше со долгата коса. „Доме, сладок доме“, напиша таа под објавата и ја означи својата локација како Ибица, Шпанија.
View this post on Instagram
Убавицата се пресели на Ибица за време на пандемијата Ковид-19, а во понеделникот објави слични заводливи фотографии на Инстаграм.
Да потсетиме дека Деми се прослави по авантурата со раперот Тајга, по што продолжи да привлекува внимание со фотографии на кои нејзините облини се во преден план.
View this post on Instagram
Таткото на Роуз почина на крајот на 2018 година, а само седум месеци подоцна таа мораше да се прости од нејзината мајка Кристина. Таа често зборуваше за тоа како се справувала со се, а во едно од интервјуата зборувала и за насилството од врсниците кога имала 14 години. Таа истакна дека била малтретирана на училиште, поради што поголемиот дел од времето го поминувала на Интернет.
View this post on Instagram
Иако со текот на времето научила како да се справува со грдите коментари, атрактивната Британка на која и се восхитуваат мажите ширум светот признава дека и денес има ситуации во кои и недостасува самодоверба.
фото: printskrin/instgram/demirose