Радио Милева оживеани спомени

Дејвид и Викторија Бекам за годишнина од брак се облекоа исто како пред 25 години: „Што ли си мислевме тогаш?“ (видео)

Дејвид и Викторија Бекам за годишнина од брак се облекоа исто како пред 25 години: „Што ли си мислевме тогаш?“ (видео)

Викторија и Дејвид Бекам ја прославија 25-годишнината од бракот, а за таа прилика повторно ја облекоа иконската виолетова свадбена комбинација.

Двојката се венча на 4 јули 1999 година на раскошна церемонија во замокот Лутрелстаун во Ирска, која чинеше речиси милион фунти. За таа прилика избраа прилично неконвенционална свадбена облека. Имено, тие носеа виолетова тоалета и одело, а на свадбата имаа и „трон“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Бекамови само се потрудија да го рекреираат ова иконско издание за 25-годишнината, а Дејвид сподели фотографија на Инстаграм.

„Погледнете што најдовме“, се пошегувал Дејвид, објавувајќи фотографија од нив како седат на тронот.

Во неговиот документарен филм „Бекам“, во една прилика Дејвид се осврна на виолетовата облека, велејќи: „Се обидувам да се сетам кога решив да облечам виолетов костум, но не знам кога се случи. Мислам дека ја следев Викторија во тоа , но што ли си мислевме?“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

На почетокот на нивната врска, парот беше препознатлив по сличните облеки во кои се појавуваа во јавност.

фото:instagram printscreen/ davidbeckham

To top