Пејачот Дарко Лазиќ покажа како изгледа по сообраќајната несреќа што неодамна ја доживеа.
Дарко синоќа имаше настап, а пред да излезе на сцената, се фотографираше пред огледало.

Во лежерен изглед, пејачот ги покажа посекотините и конците на главата, за кои се наведува дека се предизвикани откако се судрил со автобус додека бил пијан.

За потсетување, новинарот Младен Мијатовиќ откри дека Лазиќ ја посетил полициската станица и, по наредба на надлежното јавно обвинителство, предал одредена документација.

Пејачот доставил до полицијата извештај за сообраќајната несреќа, своја изјава, како и чешката возачка дозвола со која го возел автомобилот „Мерцедес“ на критичниот ден.
Foto: printscreen instagram/darkolazicofficial







