Тој можеби не снима така често нови песни и видеа, но кога со нешто ќе се појави повеќе од сигурно е дека таа песна е една од оние што засекогаш ќе остане. Токму една такава балада во која и музички и стуховно е содржана безвременска приказна за моментите што се паметат засекогаш, Дарко Гелев – Брејк и понуди на својата публика.

За сите оние со скршени срца и незаборавни спомени, за љубовта и љубовните моменти кои остануваат засекогаш врежани во сеќавањата. Зе онаа, „Една во милион“, пропуштена можност да се биде со единствената личност на светот.

За страста и емоциите длабоко врежани во сликите кои се неизбришливи и траат во спомените на кои постојано и постојано им се навраќаме… Иако никогаш не можеме реалноста да ја вратиме, како неповторлив сон… Зошто само еднаш ја наоѓате онаа… „Една во милион“!

Музиката на ова парче музика кое уште во својот зачеток е осудено да трае е Никола Перевски – пере (Нокаут), додека совршените стихови во кои се содржани скршените емоции ги напишал Игор Џамбазов. Звучно и занаетски преку аранжманот, миксот и мастерингот сето тоа го обликувал Дарко Димитров.

Емотивната балада „Една во милион“ добила своја визуелизација во видоспотот кој совршено ги отсликува внатрешните чувства преку емотивната изведба на Брејк, а улогите во приказната фантастично ги одиграле самиот изведувач, како и уабавата, сензитувна и ултрасексапилна манекенка и модел, Александра Попова.

Видеоприказната во која емоциите и еротскиот набој се испреплетуваат од кадар во кадар, во која патината и страста од стих во стих одат рака под рака, во кој спомените и реалноста се во тесна корелација со визуелната симулација на пластично доловената ситуација ја режирал и монтирал Огнен Шапковски.

Се’ на се’ новата песна на Брејк заедно со видеоспотот за неа е еден комплетен аудиовизуелен пакет какви што ретко добиваме…

И музика и стихови и изведба и глума полна со емоции, страст и еротски набој… Балада каква што се појавува… „Една во милион“!







