Промотер

Дарио во ведра, весела, летна поп песна одново ја стави саканата на пиедесталот во „Мојата драга“ (ВИДЕО)

Дарио во ведра, весела, летна поп песна одново ја стави саканата на пиедесталот во „Мојата драга“ (ВИДЕО)

Дарио Панковски го почнa јуни летно, весело и духовито со новата песна „Мојата драга“. Автор на музиката е самиот Дарио, а аранжманот е на неговиот долгогодишен музички соработник Кристијан Габровски. Песната ја следи преземена визуелизација, но Дарио наскоро најавува и официјален видеоспот.

„Ова е една типична летна, ведра, весела и духовита песна која може да се пее и на сериозен концерт, но и опуштено, со цело друштво на плажа во присуство на ‘своите драги’. Оваа песна нема некоја специјална приказна, но има порака да уживате во секој момент со онаа или оној што ги сакате и да бидете среќни со нив сега, денес, овој момент и така секој ден. Ставете ја саканата на врвот на пиедесталот“ – вели Дарио за smart.sdk.mk.

„Мојата драга“ е ведар, заразен сингл што ја продолжува линијата на поп песни со кои Панковски се препознава кај домашната публика. Со лесен ритам, духовит текст и певлив рефрен, песната претендира да стане омилен летен хит.

To top