Голем број луѓе им оддадоа почит на загинатите во Нови Сад, а меѓу нив беше и пејачката Дара Бубамара.
Србија беше погодена од голема трагедија на први ноември кога се урна настрешница на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 14 лица.
View this post on Instagram
Новосаѓани, но и луѓе од цела Србија не престануваат да им оддаваат почит на жртвиte, а тоа синоќа го направи и пејачката Дара Бубамара.
Пејачката оставила големо плишано мече пред станицата каде загинаа нејзините сограѓани и запалила свеќа за сите четиринаесет жртви.
– Нека ве чуваат ангелите – напиша Бубамара во видеото.
Додала емотикон на скршено срце и раце споени за молитва, а потоа ја сликала станицата пред која се случила страшната трагедија.
фото:Instagram printscreen/ darabubamara_official