Првата полуфинална вечер од српскиот избор за Песна на Евровизија се одржа вчера, а по настапите на 12 натпреварувачи, следуваше шоу дел со Иван Босиљчиќ, Филари, Ивана Бум Николиќ и Даниел Кајмакоски, што ја изненади јавноста со оглед на тоа што пејачот беше киднапиран пред само неколку недели.
Така, по завршувањето на гласањето, македонскиот пејач Даниел Кајмакоски настапи во ревијалниот дел.

Ова е воедно и негово прво појавување пред камера по неговото неодамнешно киднапирање, поради што неговиот настап привлече посебно внимание од јавноста.

Даниел Кајмакоски се појави на сцената со танцова група и ја изведе песната “Nobody but You”од 2018 година.
Сепак, како што откриваат тамошните медиуми, овој настап е снимен пред пет дена, што значи дека Даниел не настапил во живо, нешто што било скриено од јавноста.

Инаку, полицијата сè уште ги бара двајцата мажи кои го киднапираа Даниел во раните утрински часови во неделата во Бетон Хала во Белград.
Да потсетиме дека Даниел беше пронајден врзан на задното седиште од автомобил, додека киднаперите избегаа кон шумата откако удрија во тротоар.
Foto: print screen/Youtube





