Радио Милева Две икони - една рамка...

Дали тоа Игор Џамбазов има нова девојка и тоа позната убавица или шоуменот и заводливата дама еден до друг ама… само за на реклама!?

Дали тоа Игор Џамбазов има нова девојка и тоа позната убавица или шоуменот и заводливата дама еден до друг ама… само за на реклама!?

Следбениците на социјалните мрежи празничниов викенд останаа затекнати откако им се појавија неколку фотографии на Игор Џамбазов во друштво на една црвенокоса  македонска убавица. Две икони — една рамка. Една модна, една мултимедијална. Присуство кое едноставно привлекува внимание. Едни шокирани, други, збунети, трети љубоморни, ама сите заедно максимално љубопитни за што се работи? Дали тоа Џамбазов има нова девојка и тоа позната убавица? Или шоуменот и заводливата дама еден до друг, ама… само за на реклама!?

За Игор горе долу се е познато или барем доста тоа, ама за синооката убавица многу повеќе знаат само оние од светот на модата и модните случувања.

Ангелина Китановска  е  успешен македонски модел и манекенка, која од 2012 години е присутна во светот на модата и во Македонија, но е позната и во регионот. Во исто време таа е и основач на моделинг агенцијата Max Models  која функционира под капата на Max Management Inc. чије и ко-сопственик.

Нејзината работа е воедно поврзана и за поддршка и развој на нови таленти, но и организирање и менаџирање на настани, така што годиниве работи и како маркетинг и менаџер, а е и основач на сопствениот моден бренд – КТN.

Како што самата умее да изјави,  покрај физичките предиспозиции и природната убавина, тајната на нејзиниот успех лежи во нејзината самоувереност, професионалниот пристап и подготвеноста секогаш на кастинзите да влезе  со позитивна енергија и со јасна цел да ја пренесе визијата на тимот, брзо  адаптирајќи се на барањата на дизајнерите и фотографите.

Што се однесува до маестро Џамбазов… Него исто така не му е страна брзата адаптација на секоја нова ситуација. не попусто е подеднакво успешен и како актер, шоумен, водител, блузер, текстописец, писател… До душа со понежниот пол не му оди баш најдобро на долги стази, ама тоа е таа „Ахилова петица“ огледана во неговата заљублива природа!

Според описот на нештата, многу веројатно  Ангелина е таа која овој пат го правела изборот, а Игор е оној – избраниот да го има тоа задоволство да биде во друштво на заводливата црвенокоса дама… Шоуменот и топ моделот еден до друг, се разбира, само за на реклама!

Епа капетане… мирно море и биди така што почесто, зашто вака гледајќи те, многумина немаш поим што се’ би дале, со тебе да менуваат место!

Фото: Инстаграм/igordzambazov/angelika.ktn

 

 

 

 

 

 

To top