Не може да се спори дека нова врска или љубовен интерес, покрај позитивните чувства, може да предизвика и загриженост – дали ќе успее, дали му се допаѓате, дали навистина ве привлекува…?
Одличната врска може да биде едно од најзабавните и највозбудливите искуства, но патот до неа понекогаш е трнлив.
Има многу пречки што треба да ги надминете за да го пронајдете „вистинскиот“, па еве четири причини да се држите на дистанца од типот на мажи на кој најчесто „паѓате“:
Сè помалку верувате во вистинска љубов
Фокусирањето на сите пречки и на она што може да се случи, апсолутно ќе ве остави слаби и поразени. Сето тоа размислување може да биде исцрпувачко и да ве наведе да мислите дека љубовта е невозможна. Така, за да не се разочарате, можеби ќе одлучите дека ќе ви биде полесно да се откажете или да не се вклучите со целото срце во врската.
Не успевате да го постигнете она што навистина го сакате
Кога верувате дека љубовта е невозможна и дека планината е превисока, нема да можете да стигнете таму каде што навистина сакате. Се плашите дека навистина би можеле да бидете среќни и дека љубовта може да успее. Од страв и од желба да „играте на сигурно“ излегувате со некој кој ве сака. Ако излегувате со некој кој ве сака – нема ризик; вие го контролирате исходот. И ако тргнете по она што го сакате, постои ризик – ризик да ви биде скршено срцето, да бидете оставени… Но и од ризик да бидете вистински среќни. Ризикот вреди. На крајот на краиштата, придобивките во голема мера го надминуваат ризикот од загуба, па зошто да не вложите сè?
Верувате дека „среќни до крајот на животот“ важи само за другите
„Среќно до крајот на животот“ му се случува на секој што ќе одлучи дека никогаш нема да се откаже, што и да се случи. Ова е некој кој ќе преземе ризици и ќе тргне по она што навистина го сака. Личност која секогаш повторно ќе станува по одбивањето, раскинувањето и болката и нема да биде задоволна со статус кво. Универзумот секогаш ги наградува упорните и решителните меѓу нас. Вашиот живот и вашите избори создаваат исход. Затоа, излезете надвор, најдете ресурси, барајте ја среќата и потрудете се да ви се служи животот. Топката е на вашиот терен – верувајте во љубовта и создадете ја вашата среќна реалност.
Негативноста се појавува кога сте среќни
Лошите работи, нашите маани и проблеми се појавуваат дури и кога сме среќни и единствен начин да го избегнеме тоа е да бидеме во врска со некој кој нè сака, се грижи за нас и кој всушност нè поддржува. Чувството на несигурност, љубомора или избегнување на траума од детството ќе се појави и кога сме среќни. Она што го правиме во врска со тоа влијае на исходот. Врската што ја цениме со некој што го сакаме може да биде прошетка во непознато и сосема ново искуство за нас, но никогаш нема да зажалите. Да, тоа е страшно, но вреди. Затоа, соочете се со вашите стравови и тргнете по личноста што ја сакате, а не по онаа што ја „добивате“.
Се плашите од она што може да го извади од вас, како и од она што може да бара од вас. Се плашите од промената што ја носи ова и начинот на кој би ја постигнале, а самата промена е застрашувачка само затоа што е непозната. Но, тоа е и најисплатливото нешто што можете да го направите за себе. Затоа – ризикувајте и тргнете по она што го сакате.
Извор: Кајгана