Ако барате едноставен, брз рецепт за здраво печиво, овие од спелтино брашно и јогурт се одличен избор. Подготвени се за само неколку минути, а вкусот и мекоста ги прават омилени кај сите.
Состојки:
500 мл јогурт
400 грама спелтино брашно
прстофат сол
1 прашок за пециво
Подготовка:
Во длабок сад измешајте ги сите состојки додека не добиете компактна смеса. Смесата поделете ја на 6 еднакви делови, од нив направете топчиња или оформете ја смесата во едно парче. Одозгора по желба наросете ленено семе или овесни снегулки. Печете во загреана рерна на 180°C, 20–25 минути, додека печивата не добијат златна боја.
Извор: Kurir
Foto: Freepik







