Сè што прави кралското семејство е интересно во очите на јавноста, вклучително и образовните методи кои веќе се воспоставени меѓу членовите на семејството.
Веста дека Кејт Мидлтон го користи таканареченото „златно правило на принцезата Дијана“ кога станува збор за воспитувањето на нејзините деца, предизвика вистинско изненадување во јавноста.
Имено, Дијана често ги носела и двата сина во хуманитарни организации, сакајќи да видат како живеат луѓето кои имаат помалку среќа во животот. Исто така, Вилијам и Хари често морале да пишуваат писма со благодарност, бидејќи Дијана верувала дека тоа позитивно ќе влијае на градењето на нивната личност.
View this post on Instagram
Кејт Мидлтон го применува ова правило и со сите нејзини три деца, па секогаш кога едно од нив ќе добие подарок, тоа мора да напише белешка за благодарност.
„Вилијам и Кејт ја развиле оваа брилијантна вештина на воспитување и образование. Со мали навики како манири на маса, пишување благодарници, љубезност, ќе изградат таков систем што со тек на време ќе стане како рефлекс, па истите овие работи ќе им бидат нормални кога ќе пораснат“, вели извор на The Sun.
Неодамна Џорџ, Шарлот и Луис ја придружуваа својата мајка и помогнаа да завитка подароци и торби полни со играчки за сиромашните деца.
View this post on Instagram
-Од мали ги носеше со себе на секоја хуманитарна посета бидејќи не сакаше нејзините деца да пораснат мислејќи дека светот е полн со Ренџ Ровери и бебиситерки, објасни кралскиот писател Ендрју Мортон.
фото: Screenshot / X / The Prince and Princess of Wales/ Catherine Princess of Wales