Пејачката Анѓела Игњатовиќ Бресквица ја заврши долгогодишната врска со Немања, а неодамна проговори за раскинувањето, иако тогаш не откри дека повеќе не се заедно.
Таа тогаш нагласи дека љубовните бродоломци не ѝ доаѓаат лесно, но секогаш се води од фактот дека ништо во животот не е случајно.
– Кога станува збор за раскинувањата, не сум вистинската личност да им советувам на девојките како да ги преболат, бидејќи не сум тип на личност која страда за некого кога ќе го напушти мојот живот – изјави пејачката во едно од нејзините најнови интервјуа за „Блиц“.

Бресквица додаде дека затоа не може никого да утеши по раскинување бидејќи самата не страда.
– Некако мислам дека сè се случува со причина и дека Бог ги отстранува од нас луѓето кои повеќе не треба да бидат во нашите животи. Во таа смисла, јас не сум некој што може премногу да утеши некого кога поминува низ раскинување – рече Бресквица пред два месеци и наговести за крајот на нејзината врска со полицаецот.
Foto: print screen/Instagram/





