Бобан Рајовиќ редовно се појавува како гостин на концертите на своите колешки, како Александра Пријовиќ, Драгана Мирковиќ и Милица Павловиќ.
Во една прилика, кога Бобан Рајовиќ гостуваше на концертот на Милица Павловиќ и зборуваше за важноста на пријателството и почитта на сцената.
– Сите 25 години од мојата кариера се трудам да бидам добар со сите мои колеги, навистина ми причинува задоволство кога некој ќе ми се јави. Милица Павловиќ ја познавам долги години и многу ја поддржувам, многу ми е драго што сум ѝ гостин – изјави пејачот, а потоа додаде дали понекогаш озборува со колегите:
View this post on Instagram
– Јас сум некој кој навистина нема потреба да озборува колеги, но ако има некои приказни, има. Во естрадата секогаш има озборувања, но се трудам да избегнам да спомнам некого во негативен контекст – додаде Бобан.
View this post on Instagram
Рајовиќ потоа откри дека му се допаѓа дуетот на двете големи ѕвезди Цеца Ражнатовиќ и Жељко Јоксимовиќ наречен „Повеќе од среќа“.
– Топ. Две големи фаци како Цеца Ражнатовиќ и Жељко Јоксимовиќ, навистина е добра музика и аранжман. Искрено го кажувам од се срце, но публиката е тука да процени дали ќе помине добро или не – заклучи тој.
фото:Instagram printscreen/rajovicboban