Македонската фолк пејачка Сузана Гавазова заедно со нејзиниот колега, пејачот Благоја Грујовски овој пат пееја и свиреа, ама и се гоштеваа во домашна атмосфера. За нивната дружба се пофалија на социјалната мрежа Инстаграм и пред многубројните следбеници покажаа во што се уживале за време на нивната дружба.
Сузе е позната по тоа дека освен пеењето од рака и оди и готвењето и не ретко споделува со јавноста преку социјалните мрежи фотографии и видеа од нејзините специјалитети. Овој пат колегата го дочека со вкусна струмичка месната чорба.
Додека тој дегустирал воедно и уживал во музичкиот амбиент за кој задолжен на домашната клавинова бил колегата гостин-домаќин, пејачот Живко Динев – Жика, некогашен член на оригиналната постава на „Браво бенд“.
По вкуснат закуска, најголемото изненадување на Благоја му го приредиле двете наследнички на Гавазова, кои со задоволство свиреле на клавирот во присувство на фолк-пејачот .
Гавазова била горда што ги слуша токму Благоја кој во изведбата ем уживал, ем ги подучувал младите наследнички, па мама Сузанај напиша дека и било голема чест, по што и му се заблагодари од срце :
– Кога те слуша ваков уметник како Благоја Грујоски поинаку се свири. Каква Чест! Ти Благодарам од срце – додаде Гавазова во описот на видеото.
Потоа откри и дека се надева во иднина и тие да станат големи уметници токму како што е тој.
– Се надевам дека во иднина ќе станат големи уметници како Благоја Грујоски. Чест и задоволство е да ти биде гостин Благоја, а пред него да свират нашите мили деца.
Атмосферата со сигурност била одлична, а за нив и полна со моменти за паметење.
фото: printscreen/instagram/suzanagavazova