Радио Милева водителката се одјави...

Бившата сопруга на Игор Џамбазов повеќе не е на телевизија: Искра Канзурова си замина од ТВ Алфа!

Бившата сопруга на Игор Џамбазов повеќе не е на телевизија: Искра Канзурова си замина од ТВ Алфа!

Официјално – Искра Канзурова, која јавноста своевремено ја запозна како сопруга на Игор Џамбазов, се одјави од контактните емисии на Алфа телевизија, со емотивна порака до гледачите кои со години ја следеа на малите екрани. По долги години како едно од најпрепознатливите лица на утринската и дневната програма, водителката одлучи да затвори едно поглавје и да започне сосема ново.


„Се гледаме наскоро, но во нешто сосема поинакво,“ порача Искра, оставајќи простор за љубопитност и очекување кај публиката. Нејзината објава ја шокираше јавноста и предизвика голем број коментари и реакции од гледачите, кои ѝ упатија поддршка и благодарност за годините исполнети со позитивна енергија и искрен пристап.

Иако засега не открива детали, неизвесно е дали Искра подготвува нов проект во поинаков формат, со концепт и нова енергија или заминува во нова сосема поинаква работна авантура, надвор од ТВ екраните и јавноста?

Сакајќи од прва рака да дознаеме дали е во прашање телевизиски трансфер или бегство од медиумите, ја побаравме харизматичната ТВ водителка, која во телефонски разговор ни ја потврди веста за своето заминување.

„Не е во прашање никаква кавга, недоразбирање или нешто слично. Едноставно дојде до мое презаситување од работата, почнав да си станувам здодевна самата на себе и сфатив дека тоа не треба да им го пренесам на гледачите со кои со години извонредно се дружевме. Предолго бев дел од утринската програма, почна да ми пречи и станувањето ‘во црни зори’, така што сфатив дека е време за промени“ – отворено кажува Искра и додава:

 

„Не заминувам во ниту една друга ТВ куќа, а во ТВ Алфа мислам дека можам во секое време да се вратам.  Одам во еден поинаков сектор, кој има допирни точки со телевизијата, но во маркетинг сегментот“ – вели водителката која дискретно во иднина најавува и нов видео проект, кој најверојатно ќе го реализира во Интернет просторот, односно преку социјалните мрежи и Јутјуб.

Фото: Инстаграм/iskrakanzurova

 

 

 

To top