Мегафон Легендите се враќаат на сцена

Битолчаните „ГРОМ“ слават 45 години со голем концерт под ѕвездите на Хераклеја

Битолчаните „ГРОМ“ слават 45 години со голем концерт под ѕвездите на Хераклеја

Со голема чест и неизмерна возбуда, го најавуваме јубилејниот концерт на еден од најзначајните бендови во историјата на македонската музичка сцена – легендарната група „ГРОМ“, која годинава одбележува впечатливи 45 години постоење.

Во рамките на Бит Фест 2025, на 2 јули (среда), со почеток од 21:00 часот, под ѕвезденото небо на магичната Хераклеја Линкестис, ќе се случи концерт кој ветува незаборавна вечер исполнета со емоции, енергија, сеќавања и безвременски хитови. Овој спектакл не само што е музичка ретроспектива, туку е и голема прослава на една автентична приказна – приказната на „ГРОМ“, која е вткаена во душата на Битола, Македонија и сите оние кои со нивните песни ги преживеале младоста, љубовите и животот.

Јубилејната вечер ќе ја збогати и специјалниот гостин од Хрватска – Ален Славица, миленик на публиката и автор на многу балкански евергрини. Со своето присуство и настап, Славица ќе донесе дополнителна доза емоција и регионална поврзаност, правејќи го овој концерт уште повеличествен.

Билетите се веќе во продажба, по цена од 300 денари, и можат да се набават на следните продажни места: MKTickets, Камарите, Литература и Tobaco Brothers (Широк Сокак, Битола). Бројот на места е ограничен. Како медиумски покровители на овој голем музички јубилеј се: тегионалната ТВ Тера, музичкиот портал Музика24.мк и Радио 106 Битола.

Со задоволство ве повикуваме да бидете дел од концерт кој ќе нè потсети на најдобрите времиња и ќе нè исполни со нова енергија. Да ја прославиме музиката, животот и заедништвото – затоа што некои бендови не стареат, туку се претвораат во легенда.

To top