Радио Милева што е сигурно, сугурно

Безбедноста не смее да трпи: Временската прогноза му ги смени плановите на водителот Ване Маркоски (фото)

Безбедноста не смее да трпи: Временската прогноза му ги смени плановите на водителот Ване Маркоски (фото)

Добропознатата „марта со девет ума“ годинава изгледа му се префрла на месец април. Иако календарски веќе стартуваше пролетта, а со тоа и летното сметање на времето, она што е реална климатска слика од тековната сезона, воопшто не соодветствува на она како би требало да биде.

Па така, неместо во пролет, веќе неколку денови наназад се будиме во зимска сезона и тоа не само температурно, туку дури и снегот знае баш да не изненади.

Водителот Ване Маркоски таман си рече да биде коректетн и навремен, па да си ги смени пневматиците на својот автомобил од зимски во летни, погледот низ прозорец му ги сопре намерите.

-Летни гуми?Аха. добро.- кусо се изјасни Ване за тоа на каков ниет беше, а како всушност треба да делува…

Од она што можеме да ѕирнеме во приватноста на познатиот водител, е тоа дека тој е редовно некаде на пат, од работни до лични обврски, а со тоа и често е зад воланот.

Овој знак од временската прогноза му сигнализираше дека безбедноста не смее да трпи, па смената на гумите малку ќе почека.

Инаку, законската забрана за возење со летни гуми на отворен пат заврши на 15 март. Тоа за возачите значи и дека е време да размислат за менување на пневматиците на своите возила, односно за враќање на летните гуми.

Иако за многумина ова е редовна практика и точно знаат зошто е важна, некои возачи, сепак, не се свесни за важноста на возењето со пневматици што одговараат на соодветната сезона.

Во нашиот закон стои одредбата за задолжителна употреба на зимски гуми од 15 ноември до 15 март, односно во периодот кога е голема шансата да возите на влажен, замрзнат или снежен коловоз.

Баш како сега!

фото:Instagram printscreen/vanemarkoski_/Freepik

To top