Долгогодишниот соработник и пријател на покојниот Саша Поповиќ, Микица Гачиќ, проговори за иднината на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ и откри дали ќе има промени во жирито.
Откако Саша Поповиќ ја загуби битката со тешката болест, многумина се прашуваа дали популарното натпреварување ќе продолжи и во каква форма.
Сепак, како што беше потврдено, во тек е нова сезона, а тимот ќе се стреми да ја задржи визијата на основачите.
– Никогаш не може да биде како кога Сале беше жив. Тој и јас бевме заедно на аудиција во последните 12 години, јас бев негов прв соработник, а се знаеме преку 25 години. Точно е дека е многу тажно, но продолживме да работиме. Наскоро почнуваат аудициите за новата сезона, почнуваме со уште поголема сила бидејќи тој го направи сето тоа и мораме да ја почитуваме таа приказна – изјави Микица.
Тој стави крај и на шпекулациите за промени во составот на жирито.
– Засега се останува исто. Во претходните години Саша постојано повторуваше дека не треба да го менуваме победнички тим. Тие ни се најдобри – нагласи Гачиќ.
фото: printscreen/instagram/Youtube