„Бекстејџ“ посвети уште едно свое издание на Андреј – ДНК.
Естрадниот ТВ магазин од зад сцената ги собра сите видео материјали од него кои години наназад се собираа во архива. За жал беа прикажани во спомен за него, спомен кој никогаш нема да избледи.
Сега, кога го нема, останаа сите негови гостувања што денес ги гледаме со други очи. Секоја снимка раскажува дел од него – како се смееше, како зборуваше, како размислуваше. Останаа прашањата што му ги поставуваа и одговорите што сега звучат како пораки што ги оставил зад себе. Не сме знаеле дека ќе бидат последни. Ама денес ни останува да ги чуваме како нешто највредно.
„Си замина прерано. Толку брзо што прво не ни сфативме. Потоа не сакавме да веруваме. Зад себе остави луѓе што сè уште не знаат како да ја исполнат тишината што остана. Остави празнина, но и пример. Потсетник дека може да си успешен, а да останеш човек. Дека можеш да бидеш гласен во тишина. Дека може да се сака без големи зборови, а со големи дела“ – споделила екипата на „Бекстејџ“ во најавата на нивните официјални профили на социјалните мрежи, покрај видеото од избрани моменти насловено:
„Збогум Андреј и фала ти за се’“!
Фото и видео: Јутјуб/Backstage Macedonia