26 март, среда – „Бекстејџ“ издание посветено на Андреј ДНК. Емисија која вечерва ќе ја гледаме со тешко срце за се’ она што досега изјавил, направил да се чувствуваме убаво, не насмеал, ни запеал, открил детали и моменти од приватноста кои биле најдраги за него… Андреј… секогаш несебично и без резерва беше тука за јавноста и медиумите.
Затоа естрадниот магазин од зад сцената ги собра сите видео материјали од него кои години наназад се собираа во архива. Денес за жал ќе бидат прикажани во спомен за него кој никогаш нема да избледи.
View this post on Instagram
На социјалните мрежи „Бекстејџ“ го најавија ова специјално издание за кое напишаа:
-18 години беше дел од нас. Не затоа што требаше, туку затоа што сакаше. Ни се јавуваше и кога немаше нова песна, само да праша „Што правите и дали сте добри“?
А кога ќе зборуваше за дома – очите му светеа.
Секогаш со гордост зборуваше за својата сопруга и ќерката Јана. Таму, во тие зборови, беше целото негово срце.
Затоа, оваа среда Бекстејџ е за него. Не од обврска, туку од љубов. Ќе зборуваме без сценарио. Ќе го пуштиме срцето да каже сѐ што ние не знаеме да напишеме.
Оваа среда не зборуваме за кариера, ниту за сцена, ниту пак за хитови. Зборуваме за човек. Наш и ваш.
Андреј, оваа среда е твоја. И секоја наредна што ќе не потсети на тебе. Ќе те паметиме не само како дел од ДНК, туку како дел од нас, дел од нашето секојдневие, од нашата работа, од нашата приказна.
Ти благодариме што ни веруваше и што беше тоа што беше – човек што остава трага. А она што го остави – не се брише!
Ова можеби е и најтешката емисија што некогаш сме ја направиле, затоа бидете со нас денес во 23ч на Телма
Бекстејџ издание посветено на нашиот и ваш Андреј Ѓеорѓиески
фото: Instagram printscreen/backstage_macedonia