Работната агенда со настапи за Антониа Гиговска започна веднаш по завршувањето на семејниот одмор во Грција заедно со синчето и сопругот.
Првиот настап беше резервиран за пред прилепчани на „Пиво фест“, а веќе следната вечер беше за кавадаречката публика пред која Гиговска редовно настапува.

Гласно отпеани стихови, многу фотки, исто толку и стори објави густо набиени од објавите кои се редовна пракса на пејачката.
Сепак, убавата вечер во Кавадарци за Антониа не заврши онака како што посакуваше или има пракса да ја „затвори“ откако ќе се спакуваат инструментите и ќе тргнат на пат кон дома.
Таман за пред сите свои фанови да покаже како се пеело со кавадарчани, Антониа непријатно изненадена дека ги нема видеата од телефонот кои требаше да сведочат пред сите на Инстаграм за тоа колку еуфорчина била ноќта.

-Отварам телефон после настап, галерија и немам видеа!!!Iphone storage фала ти (лут емотикон). Не можам да ви доловам како си поминавме вечерва во Кавадарци и ми се плаче! Ми ги нема видеата! Фала ви за преубавата вечер и како и секогаш најгласно отпеани стихови на мои песни. Ве гушкам- и порача Антониа на својата публика.

Технологијата не ретко на сите знае „да ни откажев љубов“, ама веќе поучени од искуство и во пракса полесно следен пат сме претпазливи за последиците.
А Антониа веруваме ќе го повтори она „изгубеното“ сигурно многу наскоро.
фото:instagram printscreen/antoniagigovskaa




