Радио Милева нејзиниот топ 3

Антониа Гиговска отвори свадбена сезона во три фустани кои за неа се апсолутен „ин“

Антониа Гиговска отвори свадбена сезона во три фустани кои за неа се апсолутен „ин“

По крајот на велигденските пости веќе од првиот викенд започнува свадбената сезона, а со тоа и главоболката на припадничките на понежниот пол за тоа што да облечат како гостинки или блиски членови на семејствата на една свадбена веселба.

Свадбите веќе се во полн ек, а пејачката Антониа Гиговска беше гостинка неколкупати за каде како и другите дами беше окупирана со тоа што ќе облече.

Како позната пејачка меѓу присутните, таа сакала или не ќе биде магнет за погледи, затоа мора да блеска и да биде во полн сјај и секако поразлична од она каква се појавува на сцена.

Антониа секогаш за изборот на гардероба се консултира со стручни лица за истото, па така овој пат се одлучила за два коктел фустани и една тоалета, два црни и еден во интензивна розова нијанса.

Црното секогаш е најдобриот избор за свечености, особено од ваков карактер, па Антониа беше непогрешлива, како со тоалетата, така и со коктел волуменозното фустанче.

Нешто похрабар беше оној розовиот со впечатливи детали кај градите, модел што не баш секоја би можела да го носи.

Во онаа или оваа варијанта, Гиговска се фотографираше во сите, па ги праша следбениците како им се допаѓа повеќе.

Што мислите?

фото:Instagram printscreen/antoniagigovskaa

To top