Изминатиот период се изнагледавме многу трансформации од популарната фолк пејачка Анета Љумаковска.
Никогаш монотона, постојано присутна, своја и поразлична.
„Промените започнуваат онаму каде завршува твојата комфорна зона“, девиза по која периодов се води славната битолчанка.
View this post on Instagram
Таа постојано храбро им пристапува на промените, од килограмите, па се до шминката и фризурата, а резултатот секогаш одличен и поинаков од претходниот, како и овој пат.
Очигледно самодовербата е на високо ниво, така што Анета воопшто не се плаши да го прифати она што на ум за нејзиниот имиџ го има стилистот.
View this post on Instagram
Од редот на русокоси влезе меѓу бринетите, но изгледа најпосле си ја најде вистинската комфорна зона, проверена варијанта и ја затемни косата уште повеќе.
Руса, кафена, темна, светла,права или кадрава, Ането е вистинска битолчанка која редовно сака да биде забележана и впечатлива.
фото:Instagram printscreen/ anetaljumakovska2701