Иако популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ заврши пред нешто повеќе од месец дена, еуфоријата се уште трае, особено околку финалистите. Фановите на кои им ги освоија симпатиите сакаат да ги видат, да се сликаат со нив и секако да ги слушаат, особено во живо.
Нашите Мики и Андријана се се’ повеќе барани за настапи низ земјава, ама не ги заборавија ниту соседите.
Па така, Андријана и Мики беа на гости кај Огњен Амиџиќ во неговото „АмиЏи шоу“ каде секако покрај разговор, се пееше и тоа наголемо.
View this post on Instagram
Додека траеше шоуто нашите победници испеаја доста македонски песни, ама почестија и со некој српски хит.
Таму беа и победничката Шејла Зониќ, а исто и Јулија Петровиќ.
Ред муабет, ред песна, Андријана со нашата редакција содели дека помлинале одлично и кватлитетно исполнето време пред камери, а исто и за тоа што се видела со Шејла и Јулија.
-Одлично, не држи енергијата и возбудата, особено што повторно се споивме и видовме со Шејла и Јулија. Со Мики почесто се гледаме и си пееме (се смее). Кај Огњен се испеаја повеќе песни, но не поминавме без „Македонско девојче“, вели Андријана.
View this post on Instagram
За потсетување, Мики заврши втор, а Андријана Петрушовска беше третопласирана од 17-тата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, во знак на благодарност неодамна приреди настап пред своите сожители и поддржувачи од скопско Драчево.