Таа има 42 години, неодамна стана и доктор на науки, но никогаш, ама баш никогаш не престанува да изненадува со своите амбиции и желба за нови предизвици да прави нешто повеќе.
Секој кој барем малку ја познава Андријана Јаневска знае дека во прашање е мултипрактик дама.
View this post on Instagram
Пејачка, денес е прва виолина во Македонската опера и балет, доцент на Факултетот по музичка уметност, професорка во своето музичко училиште…
Настрана уметноста како нејзина животна определба и професија, Андријана приватно многу работи прави сама и тоа одлесно.
Дури и оние кои навидум им се својствени само на мажите или барем така се смета, но то нејзе не и пречи, да им противречи на предрасудите и нештата да ги прави речиси совршено.
Од уредувањето на семајниот двор кој изгледа како рајска градина…
View this post on Instagram
Преку „on road“ авантурите како бесна моторџика…
Велемајстор(ка) на шаховската табла…
Или страсен спортски риболовец со трската…
Тука е и молерајот!
Ако миследте дека тоа е се’- се лажете.
Андријана го обожава и фудбалот, а доброупатените знаат дека ја бидува и како спортски коментатор во што и претходно се пробала на радио. Така беше и сега за неодамна одржаниот натпревар од Европското фудбалско првенство 2024 и мечот меѓу Турција и Португалија.
За ова се Андријана се пофали на Инстаграм во пруилог на неколу фотографии и напиша:
View this post on Instagram
-Благодарност до Спортско радио што ме поканија да го коментирам мечот помеѓу Турција и Португалија.
А за да се’ прави така добро и со љубов, треба и полнење на батериите. Па така, Јаневска деновиве ужива на семеен одмор во Малта.
View this post on Instagram
Епа, наздравје и капа доле!
Фото: Instagram printscreen/andrijana_janevska