Македонската пејачка, виолинистка и педагог Андријана Јаневска со музиката се дружи уште од мали нозе.
Факултетот за музичка уметност го завршува со највисока оценка, а потоа и магистрира на отсекот Методика на музичка настава.
Како професорка по солфеж и соло пеење на катедрата за популарни жанрови на Факултетот за музичка уметност, но и виолинистка во НОБ ја зеде и официјално дипомата на 13.05.2024 во Ректоратот на УКИМ каде беше промовирана во доктор на науки.
– Денес во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. Благодарност до проф. д-р Родна Величковска која како мој ментор несебично ми помагаше во текот на пишувањето на трудот. Честитки и до останатите колеги – додаде во описот покрај фотографиите кои ги сподели.
View this post on Instagram
На социјалната мрежа Инстаграм Јанева меѓу фотографиите сподели и една со нејзината голема поддршка – нејзиниот сопруг, гитаристот Драган Гиновски – Гино.
Под објавата се редеа честитките од нејзините соработници , колеги и естрадата кои несебечно искрено и посакаа уште многу големи успеси.
„Само небото бека ти е граница“, „Расветлувај го народот со најубави песни“, „Вредно македонско девојче“, „Браво“, „Македонија е горда со тебе, да ти се множат успесите“ и порачаа тие.
Пејачката нејзините истражувања макотрпно ги собираше долго време и неуморно работеше на тоа девет години и заокружи една целина во која успеа да заштити над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“.
„Моите истражувања покажаа дека Македонците од овие региони никогаш не ги напуштило чувството за песната, јазикот, припадноста и идентитетот!
Македонскиот народ кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни во разни варијанти е поврзан како еден единствен народ“ – напиша тогаш таа.
Честитки!
фото: printskrin/instgaram/fb