Талентот, поривот, желбите и вистинската намера кон нештата ја однесоа младата пејачка Ања Ветерова да студира музика на Беркли во САД каде и дипломираше, а со тоа таа веќе целосно се адаптираше на американскиот живот.
Македонија секако не ја заборава, тука е нејзниното семејство, но новиот живот, новите навики, пријателите и се далеку преку „барата“.

Ања постојано е активна на социјалните мрежи од каде може да се видат сите нејзини активности и новитети поврзани на приватен и музички план. Не ретко е расположена да покаже нешто повеќе, а овој пат по повод 26-от роденденот објави една секси фотографија во нејзин стил. А бидејќи е лето, очекувано фотките се во бикини.

Провокативна и примамлива меѓу карпите за поглед и разгорување на машката фантазија.
Торта и здравица не видовме, ама затоа овие фотографии како од магазин беа квалитетно дополнување, особено онаа каде позадината на славеничката е во фокус.

Среќен роденден!
фото:Facebook/Anja Veterova





